Секако, денешната современа технологија произведува и безалкохолни пива, но традиционлното пиво е слаб алкохолен пијалок, кој се добива од слад, хмељ, вода и пивски квасец, со процесот на алкохолно вриење. Најголемиот процент е вода. Сладот се добива од житарици, најчесто јачмен, и од неговата концентрација зависи јачината на вкусот. Хмељот го конзервира пивото, му дава пријатен мирис и доза на горчина, а пивскиот квасец го предизвикува процесот на вриење со кој шеќерот преминува во алкохол и јаглероден диоксид. Пивото е сосема природен и биолошки урамнотежен производ, па со право се нарекува течна храна. Енергетската вредност на едно литро пиво одговара со онаа на еден литар полномасно млеко.
Состав на пивото
Состојките на драгоцената течност се: вода, етанол, јаглероден диоксид и непревриениот дел од екстрактот на сладот. Уделот на етанолот зависи од концентрацијата на сувата материја во сладот од кој е произведено пивото и од степенот на превривање, па така уделот на алкохолот кај различните видови пива се движи од 0,5% кај т.н. безалкохолни пива до 13% кај пивата од јачмен. Лагер пивата содржат околу 0,5 % јаглероден диоксид. Јаглеродниот диоксид му дава свежина и пенливост на пивотот. Стабилноста на пената зависи од хемискиот состав на непревриениот дел од екстрактот, па оние пива што имаат поголем удел на екстракт од сладот, повеќе пенат. Екстрактот на пивото е составен од јаглени хидрати и мала количина на протеини, аминокиселини, глицерин и составни делови на хмељот. Овој состав не зависи само од видот на сладот, туку и од начинот на неговото производство, како и од степенот на вриење при крајот на ферментацијата.
Пивото е здраво
Пивото е здраво... Меѓу луѓето е раширено мислењето дека пивото дебелee. Да, пивото дебелee, но само ако како и секој друг прехрамбен производ, се конзумира прекумерно. Најголемиот број доктори се согласуваат дека умерена количина на пиво (половина литар на ден) поволно влијае на здравјето на човекот. Ваквото влијание произлегува од составот на пивото. Состојките на пивото ја поттикнуваат активноста на дигестивниот тракт, а непревриените јагленихиaдрати ја намалуваат брзината на апсорпција на алкохолот во крвта. Францускиот лекар Винсент направил едно интересно истражување. Тој го следел здравјето на војниците во северниот дел и на војниците во јужниот дел на Франција, и статистички утврдил дека пивопијците од северот многу поретко боледуваат во споредба со нивните колеги од јужниот дел на Франција кои се љубители на виното. Германскиот лекар Шабот,,пак, ја следел зачестеноста на појавата на рак кај индустриските работници и утврдил дека љубителите на пиво, многу поретко заболуваат од карцином во споредба со останатите работници.. Во пивото не може да се развиваат патогени организми. На пр. Д-р Ендерс ја истражувал бактерицидната ефикасност на пивото и утврдил дека микроорганизмот кој предизвикува колера, ставен во пиво, умира за 15 минути, а предизвикувачот на тифус за 30 минути. Резултатите од деветгодишното истражување на срцевите удари објавени во The New England Journal of Medicine, спроведено со учество на 7700 пивопијци, укажуваат дека
конзумирањето на 2-3 чаши пиво на ден има заштитна улога против срцев удар. Резулатите и не зачудуваат, ако се земе во предвид дека пивото ја гаси жедта и ја намалува напнатоста.