За Пиволенд...

 
 

Првиот Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2008, за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Гурманскиот викенд со пиво понуди над 25 сорти на пиво, буквално од целиот свет. За изборот на храна се потрудија редица угостители кои понудија сé од скара и риба, до егзотична кујна и макробиотика. Како и самата гастрономско-пивска понуда, и забавната програма беше едно "шаренило" во кое учество земаа голем број артисти од најразлични музички жанрови. Сигурно долго ќе останат запаметени настапите на LET3, LAKA, VLADA DIVLJAN, WICKEDA, LOT LORIEN, домашните бендови BllaBllaBlla, SETHSTAT, БАКЛАВА, ПАРКЕТИ, Културно Уметнички Работници, Тони Китановски и Черкези Оркестар и тн. Специјален гостин на Пиволенд беше господинот Вања Маслов, директор на белградскиот пивофестивал – Belgrade Beer Fest. На Скопската тврдина Кале за првпат после долго време имаше можност да се почувствува подзаборавената чаршиска атмосфера по која со носталгија копнеат генерации и генерации. Оперирани од предрасуди, тврдината и Пиволенд им посакаа добредојде на сите луѓе, без разлика на припадноста од било каков вид. Без никакви инциденти, Кале блескаше од позитивна енергија.

Наредното издание на ПИВОЛЕНД во 2009та, го проследија 150 000 посетители. Четири вечери скопјани имаа привилегија да присуствуваат на најпосетениот фестивал некогаш одржан некогаш во Македонија. Во четирите фестивалски дена, посетителите имаа можност да пијат околу 50 домашни и странски вида пиво да пробаат секаква храна и да се забавуваат на осумте фестивалски сцени. На главната сцената покрај настапите на многу млади македонски бендови, публиката уживаше и во настапите на "Психомодо поп", "Дубиоза колектив", "Атеист Рап", "Попа Шапка" и домашните Есма Реџепова, "Паркети", "Баклава", "ПМГ колектив" "Агушеви оркестар" и секако фантастичниот DJ сет на Stereo MC.

Третиот по ред фестивал на пивото ПИВОЛЕНД 2010 одржан од 15ти до 19ти септември 2010 година на Скопското Кале и Старата скопска чаршија забележа рекорди во петте фестивалски вечери. Очекувањата дека ПИВОЛЕНД е најпосетениот фестивал во земјава се потврдија со посета која беше двојно поголема од претходното издание на фестивалот. На љубителите на пивото и музиката ПИВОЛЕНД 2010 им претстави најразновидна понуда на домашни и странски брендови пиво, како и грижливо селектирана музичка програма. Посетителите имаа можност да вкусат над 50ина видови пиво, но и да уживааат во исто толку бендови, артисти и диџеи. Имињата чии настапи останаа запаметени на овој Пиволенд се: Забрањено Пушење , Суперхикс, Рамбо Амадеус, ТБ Трачери, Kosheen DJ's, Orthodox Cellts, Тони Китановски, Куд Идијоти, Бла Бла Бла, Поздрав Азри, Motherfunky, BeetanTone и редица други. Исклучително позитивната атмосфрера со која беше окупирано Калето и Старата скопска чаршија е несомнено најголемата придобивка на ПИВОЛЕНД.

 

 

 

 
2008
2009
2010