Почитувани,
Ве известуваме дека и покрај договорот за настап кој е потпишан и испочитуван од страна на Пиволенд, од агенцијата на Рони Сајз не информираа дека во последен момент добил покана за настап на хуманитарен концерт за кој артистот е лично засегнат и кој не би да го одложи. Поради хуманитарната природа на овој настан и молбата на артистот, решивме да излеземе во пресрет на ова барање, а концертот на Рони во Скопје да го одложиме за наредна прилика...
...
повеќе...
Четвртото издание на Пиволенд и оваа година ги отвори вратите за љубителите на пивото и добрата музика, подготвен од 31ви август до 04ти септември илјадниците посетители да ги навлече на фестивалските искушенија од богатата забавна понуда. Првата вечер од петдневниот фестивал на пивото започна со скопското хипхоп дуо Scratch That Drum, Alexandroff Ragtime Band од Бугарија, косовскиот инди бенд Gillespie и RATM Real Tribute Band кои го дадоа првиот енергичен импулс на она што вечерта прерасна во масовен разигран подиум за десетиците илјади љубители на пиво и добра музика...
...
повеќе...
Огромната посeтеност на третото издание и растот од година во година со секој сегмент на фестивалот (бина, штандови, посетеност) ни наметна и нов императив за проширување на самиот фестивалски простор кој ќе има капацитет за масовноста на фестивалот. Тоа е основната причина зошто Пиволенд оваа година се сели на паркингот кај спортскиот центар " Борис Трајковски". Просторот на новата локација ќе биде уреден за одржување на голема манифестација и ги задоволува сите услови фестивалот да се одржи на простор со адекватна големина за масовноста на Пиволенд....
повеќе...
Како и претходните три години, Пиволенд повторно е подготвен да ве навлече на слатките фестивалски искушенија со кои од 31ви август до 4ти септември на најдобар начин ќе го отпоздравите летото и ќе ја стартувате плодната есен.
Локацијата на која ќе се одвива петдневното лудило на Пиволенд 2011 е паркингот пред спортскиот центар "Борис Трајковски" кој ќе биде специјално опремен за овој настан, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, пиваџии, гурмани, фанови, воајери и журкаџии.
Под познатото мото "дојди, види, испиј" на гурманскиот фестивал на пивото ве очекуваат 50 бендови, артисти и диџеи, повеќе од 50 домашни и странски видови пиво, гурмански штандови со разновидна храна и многуте скараџиски...
повеќе...