СРЕДА, 31 Август | [18:45]

Alexandroff Ragtime Band

 

Alexandroff Ragtime Band е акустичен бенд од Бугарија оформен во 1986 година и нивниот музички интерес е насочен кон традиционалната џез музика, автентичен дикси, регтајм и блуз. Групата е основана како трио (кларинет, банџо и туба), но работи како отворен систем кои за конкретни ангажмани вклучува и други инстументи, не нарушувајќи го единственото нивно правило за отсуството на ударни инструменти. Во последно време најчесто настапуваат како квинтет, надополнети од почетниот состав со пиано и вокали.

<< назад website