САБОТА, 3 Септември | [22:55]

Ареа

 

Рок групата Ареа е оформена во 1991 година во Гостивар и е бенд кој уште на почетокот на својата кариера го привлече вниманието на музичката јавност. Во 1992 година тие беа победници на скопскиот Поп-Рок Фест со што добија можност да го снимаат својот прв студиски албум "Случајно Тука" кој беше прогласен за најдобар деби албум таа година.

До сега имаат објавено шест албуми, зад себе имаат голема база обожаватели која ги следи на бројните концерти низ Македонија и земјите во регионот и со сигурност претставуваат бенд кој веќе има свое место во современата антологија на македонската рок музика.

<< назад website