
Хрватскиот поп/рок/фолк состав Belfast Food ќе ја зачини пивската атмосфера со уникатен ирски звук. Белфастовците од Риека речиси 15 години создаваат авторска музика во која ги спојуваат своите искуства од Ирската музика со нивните стремежи кои навлегуваат во поинакви музички правци и досега имаат објавено пет албуми. Belfast Food во текот на својата кариера изградија профил на квалитетен бенд на чии концерти секојпат има многу енергија и позитивни вибрации, комбинација која денес не е толку честа. Во последно време на нивните настапи актуелни се и електронски призвуци кои го дополнуваат целосниот музички впечаток на бендот.


