ПЕТОК, 2 Септември | [02:15]

Darkwood Dub

 

Darkwood Dub е уникатен белградски музички колектив. Веќе од самото формирање, во 1988 се наметнаа со посебна рокенрол естетика која публиката веднаш ја препозна. На сцената се активни 20 години успешно експериментирајќи со електро, поп, даб и реге, со 7 албуми зад себе, култни клубски и фестивалски настапи и публика која постојано ги следи. Познати се по својот афинитет кон музичкото и уметничкото, автентичен микс кој ги претвори ДД во препознатливо име, па и балкански бренд. Со вистински песни и реални пораки го поминаа патот од андерграунд клубовите до големите концертни хали, претставувајќи се како бенд со висок естетски стандард. Албумите Paramparčad (1995), U nedogled (1996), Darkwood Dub (1997), Elektropionir (1999), Život počinje u 30-oj (2002), O danima (2004), Jedinstvo (2008) како и последниот Vidimo se, кој го промовираа оваа година на настапите на Exit фестивалот, се повеќе од потврда за нивниот квалитет...кој сеуште трае.

Едно е сигурно - миленици се на скопската публика.

<< назад website