
Славе Спировски, или диџеј Славе е една од најпозитивните фаци во Скопје, познат по специфичното темпо на презентирање музика од различни стилови (драменбејз, брејкбит па сé до хип хоп) и диџеј сетови со кои е загарантирана разиграна публика. Покрај редовните забави во клубовите и кафулињата низ Македонија, Славе има настапувано со свој сет на повеќе фестивали, но и како гостин на концертите на "Суперхикс" и "Легијата". Кога ќе начуете некоја опасно позитивна журка, тоа најверојатно е Славе во функција на диџеј, скречер, денсер или универзален забавувач по свадби. :)


