
Есма Реџепова веќе го има обезбедено своето место помеѓу македонските музички икони. Кралицата на ромската музика повеќе од 40 години твори на естрадата со навистина плодна работа, обиколувајки го светот и ширејќи го сознанието за Македонија и Скопје. Според признанијата и успесите што ги има постигнато, Есма Реџепова е веројатно најуспешниот македонски естраден уметник на сите времиња.


