НЕДЕЛА, 4 Септември | [22:40]

Јура Стублиќ и Филм

 

Групата Филм и Јура Стублиќ за време на осумдесетите години на 20. век ја воодушевуваа публиката со своите настапи на просторите на цела бивша Југославија и останаа запаметени како еден од најслушаните музички брендови на тоа време. Упорното потврдување на статусот на музичка рок легенда, задржувањето на старите и придобивањето на нови поклоници на концертите, за Јура и Филм не е воопшто тешка задача. Тајната на успехот лежи во неодоливата харизма која го прати одличниот вокал и талент Јура Стублиќ, но и подготвеноста на бендот Филм кој вешто ги оживува ритмовите на најпознатите хитови кои се всушност со генерации најслушаните песни на новиот бран.

<< назад website