НЕДЕЛА, 3 Септември | [21:15]

Фолтин

 

Битолскиот музички колектив Фолтин започнува како џез група во 1996 година, а од тогаш постојано менувајќи се во текот на 15 години постоење, дојде до стил што не може да се класифицира во ниту еден музички правец. На нивните настапи кои често се претвораат во вистински перформанси може да се чујат примеси на џез, џипси, поп, рок, ворлд мјузик, па дури и електро, но испреплетено во еден специфичен и препознатлив звук на групата со која имате загарантирана одлична забава и атмосфера исполнета со френетично танцување. До сега имаат објавено шест албуми, а не ретко "псевдо-емигрантското кабаре" Фолтин ќе го сретнете и како музички соработник на театарски претстави.

<< назад website