ПЕТОК, 2 Септември | [21:30]

High Control

 

Македонскиот алтернативен рок звук на Пиволенд ќе го претстават момците од High Control, бендот кој од мала рокенрол атракција од Тетово денес е веќе респектирана балканска рок појава. High Control се оформен во 2005-та година и важи за бенд кои критичарите го класифицираат како Alternative-Indie Rock band, иако кај истиот може да се почуствуваат Grunge, Metal, и Progressive елементи. Годинава групата го промовираше својот втор студиски албум "Report" кој константно добива одлични оценки од музичката критика во регионов. Својот прв настап го имаа на Winner Fest 2008, а потоа продолжија да напредуваат со настапи низ клубовите и фестивалите во Македонија и регионот, меѓу кои и Exit фестивалот на кој настапија два пати и за само една година напредуваа од Демо до големиот Фјужн Стејџ.

<< назад website