
Белградскиот бенд Hypnotized настапува во стандардна рок постава, тапани, гитара, бас и вокал. Групата својот прв албум го издаде на почетокот на 2010 година и го привлече вниманието со одличните видео спотови, а подоцна и со енергичните настапи во живо. Нивните синглови 2 is better than 1 и Find Someone Else одлично поминаа на топ листите.


