СРЕДА, 31 Август | [23:20]

Кирил Џајковски

 

Македонскиот продуцент и диџеј Кирил Џајковски е еден од најуспешните и најценетите балкански артисти од електронската сцена. Во осумдесеттите години Кирил Џајковски ја започна својата кариера со една од првите македонски електро-групи Бастион, а потоа издаде два албуми и со легендарните Леб и Сол. Неговиот стил на комбинирање на македонскиот етно звук со модерниот електронски звук датира од раните 90-ти години кога го издава и својот прв соло албум Synthetic Theatre. Негов следен албум е Homebound, кој хрватскиот Playboy го прогласи за најдобар екс-ју албум на годината, а на нумерата Primitive Science од овој албум се направени ремикси од Bushwacka, Subsonic Legacy и Dreadzone. Пионерот на балканската елетро сцена е подеднакво ценет и како автор на филмска и театарска музика. Неговиот потпис стои зад музиката на филмови како Прашина, Балканкан, Големата Вода, Сенки, како и претставите Балканот не е мртов, Диво месо, Дракула, Буре Барут.

<< назад website