
Квинтетот Летечки Пекинезери, познат на музичката јавност по многубројните клупски свирки низ Македонија го сочинуватат Бојан Петков на гитара, Иво Солдатовиќ на кларинет, Кирил Туфекчиевски на контрабас, Славчо Коцев на тапани и Петар Христов на тенор саксофон. Преку својот софистициран музички полет Пекинезерите ќе ја збогатат атмосферата на Пиволенд со квалитетно џез освежување или да ги цитираме: "имајќи предвид дека свингот низ стоте последни години на луѓето им нудел оддишка од рецесии, војни и секакви сопки, а на оние кои сакаат да вршат притисок во континуитет им бил трн во око, ви нудиме да се опуштиме од каков било притисок".
Летечки Пекинезери во моментов го подготвуваат издавањето на својата прва плоча за која се заинтересирани неколку странски издавачи.




