
Љубојна е состав кој најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос и го темели творештвото не само на сопственото слегување до "изворот", туку и длабоко навлегува во она што се нарекува современа звуковност. Досега имаат објавено четири албуми а нивното име стои и зад повеќе театарски проекти и филмови. Нивната музика е длабоко во себе европска, но со манири и влијанија од Исток создавајќи една уникатна лирична мешавина: "заживеана и поделена на двете страни од Виа Игнација, меѓу Исток и Запад, Љубојна пее за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен бит".


