
Хрватската електро поп атракција Lollobrigida е бенд за храбра публика. Започнаа во 2003 година како караоке дуо настапувајќи како предгрупа на култниот Мамбо Курт, а прераснаа во шест секси диско панкери кои во 2009 година се прославија на Европските MTV награди освојувајќи ја наградата "Best Adria Act" и оттогаш нивната кариера е во постојан подем.
Уникатниот кинки-поп состав неодамна го објави својот нов сингл, забавната и иронична диско песна за актуелниот медиумски свет "Sex on TV, sex on the radio", а сега "погласни, побизарни и поубави од било кога" ја стартуваа летната турнеја во чии рамки е и нивниот настап на Пиволенд.


