САБОТА, 3 Септември | [20:10]

Ритам Нереда

 

За обожавателите на цврстиот звук Пиволенд за прв пат во Македонија го носи легендарниот новосадски хеви/панк рок бенд Ритам Нереда кој неодамна го издаде својот десетти албум под наслов "Паралелни Свет" за Егзит Мјузик етикетата. Јубилејниот албум претставува до сега најзрело и најдобро издание на бендот Ритам Нереда, а тешкиот и остар звук, препознатливите рефрени и квалитетната продукција, го прават ова издание неодминливо за сите љубители на цврстиот гитарски звук.

Познати по енергичните, жестоки и бескомпромисни концерти, тие често го менуваа и го подобруваа својот звук создавајќи препознатлив стил со кој прераснаа во синоним за квалитетна свирка. Ритам Нереда бележат и настапи со големи имиња како Моторхед и Ред Хот Чили Пеперс.

<< назад website