ПЕТОК, 2 Септември | [23:30]

Синтезис

 

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Синтезис постои веќе 16 години на музичката сцена. Бендот е оформен во 1995 година, а самото име Синтезис го изразува нивниот музички концепт, комбинација на традиционалниот звук со современи аранжмани создавајќи музичка синтеза. Навлегувајќи длабоко во корените на македонското фолклорно наследство, групата се здоби со високи признанија за вдахнување нов живот на ова милје. Својот прв албум го објавуваат во 1996 година, а до сега имаат објавено уште шест албуми. Синтезис имаат настапувано секаде ширум светот и на секој настап без исклучок, срдечно и со восхит се пречекувани од публиката и музичката критика.

<< назад website